Важноста да се разбере културната разноликост на автохтоните народи

Portrait of three generation Aboriginal family

Portrait of three generation Aboriginal family Credit: JohnnyGreig/Getty Images

Разбирањето на исклучителната разноликост на Првите народи на Австралија е од суштинско значење за соработката со абориџанските заедници и жителите на островите од тесенцот Торес, негувањето на вистинските врски и создавањето на значајни одоси.


Автохтоното население во Австралија го одликува фасцинантна разноликост, што е во спротивност со општо прифатеното сфаќање дека сите Абориџини и жители на островите од теснецот Торес припаѓаат на хомогена група.

Домородните луѓе претставуваат мозаик од култури, јазици, начин на живот и роднински структури.

Еден од најдобрите начини да се опфати оваа разновидност е да се погледне Домородната мапа на Австралија
I, објаснува Мунја Ендруз (Munya Andrews), која ја ословуваат со тетка Мунја и која е старешнина од областа Барди, во регионот Кимберли во Западна Австралија.

"Ги повикуваме луѓето да ја погледнат таа карта на која се наоѓаат околу 500 нации. Секоја нација има свој јазик или јазик што го споделува со друг народ".
_Carla-and-Aunty-Munya.jpg
Carla Rogers (left) and Aunty Munya Andrews (right), Evolve Communities Credit: Evolve Communities

Има околу 250 староседелски јазици и 800 дијалекти, а нивната култура, јазик, начин на живот и сроднички структури се разликуваат - дури и уметноста, дополнува тетка Мунја.

"Само со поглед на некое дело на абориџинската уметност, можам да одредам од која област потекнува. Повеќето луѓе, сликањето со точки го поврзуваат со абориџанската култура, но таа техника е својствена само за една нација. На пример, мојот народ од областа Бради, се поврзува со солената вода и нашата уметност е многу слична со уметноста на другите островски народи ширум светот по тоа што во сликањето користиме геометриски облици кои претставуваат бранови. Воопшто не сликаме со точки", објаснува таа.


Мунја Ендруз, која е и авторка, правничка и една од директорките на организацијата Evolve Communities, исто така истакнува дека еднообразниот пристап не е соодветен кога сакате да изградите значајни односи со автохтоните народи.

Карла Роџерс, блиска соработничка на Мунја Ендруз, додава дека знаењето за разноликоста на автохтоните народи е клучно за разбирањето на заедничката историја на староседелците и неавтохтоното население, како и за јазот што постои меѓу нив.

"На почетокот на колонизацијата на Австралија, што трае и натаму, токму недостатокот на свеста за разноликоста на староседелските народи беше во сржта на нашиот проблем. Многу од проблемите кои ги имаме денеска настанаа поради тоа што на Абориџините и народите од островите на теснецот Торес се гледа како на една хомогена група и не се препознава нивната разноликост", вели таа.

Multigenerational Aboriginal Family spends time together in the family home
The Indigenous peoples of Australia are not one homogenous group. - Belinda Howell/Getty Source: Moment RF / Belinda Howell/Getty Images

Австралија отсекогаш била мултикултурно општество


Автохтоните народи се "експерти" за мултикултурализам, вели Мунја Ендруз.

"Мојот народ се занимава со мултикултурноста илјадници години. Научивме да комуницираме со другите групи на Абориџините, да говориме некои од нивните јазици, да комуницираме со луѓето кои имаат различни обичаи, различни протоколи и се останато", објаснува таа.

Важно е да се истакнат и поединците како што е др Марико Смит, припадничка на народот Јуин која има јапонско потекло, што уште повеќе ја збогатува разноликоста на Првите Австралијци.

Нејзиниот татко е од народот Јуин, од јужниот брег на Нов Јужен Велс, додека мајка и е од градот Кокура на јапонскиот остров Кјушу.

"Има такви кои мислат дека моето мешано абориџанско-јапонско потекло значи дека сум од северот или северо-западот на Австралија,каде што некогаш постоела јапонска индустрија за бисери. Но, моите родители се запознале во кафетерија во Кјушу додека мојот татко патувал по Јапонија. Се венчале во Јапонија, а потоа, таа дошла со него во Австралија."

Др Смит објаснува дека со тек на растењето, често се соочувала со навреди на расна основа, но дека навредливите коментари се подигнувале на "повисоко ниво", кога луѓето ќе дознаеле дека таа исто така е Абориџанка.
Unsettled_Weekend
Dr Mariko Smith Credit: Anna Kucera Credit: Anna Kucera/Anna Kucera
Тоа се случува бидејќи владеат одредени стереотипи и тесногради сфаќања за тоа што се и кои се Абориџините и тие се главно поврзани за бојата на кожата и нивото на цивилизација, што луѓето го имаат научено од учебниците по историја, објаснува др Смит.

"Има луѓе кои никогаш во животот не сретнале Абориџанец, но големи се шансите дека сретнале, само не се вклопувале во нивните стереотипи и предубедувања."

Др Смит вели дека Австралија, како мултикултурно општество, мора да ја препознае и уважи ова разноликост меѓу автохтоните народи со цел вистински да биде инклузивна.

"Ако размислувате за Абориџините на многу поедноставен начин, тогаш навистина постојат само поедноставени решенија, иако тоа е сложен, разновиден концепт што бара сеопфатни и разновидни решенија, како и размислувања."

Карла Роџерс објаснува дека грешки се прават кога неавтохтоните луѓе не ја разбираат оваа разноликост.

"Може да кажеме нешто што е навистина повредувачко,нешто што би можело да биде потенцијално расистичко и тоа е пречка за разбирањето."
Thirteen Aboriginal and Torres Strait Islander people from across Australia taking part in the inaugural Mob in Fashion initiative.
Thirteen Aboriginal and Torres Strait Islander people from across Australia are taking part in the inaugural Mob in Fashion initiative. Credit: Thirteen Aboriginal and Torres Strait Islander people from across Australia are taking part in the inaugural Mob in Fashion initiative.

Каде може да дознаеме повеќе за разноликоста на автохтоните народи?

Како што би го направиле тоа кога патувате низ Европа, почнете од картата, дознајте во која земја сте и запознајте се со нејзината култура и јазици.

"Ако патувате подолго од 2 часа, на пример од Сиднеј, тогаш поминувате низ различни земји", вели Карла Роџерс.

Земјишниот совет на Абориџините во вашето место или општина можат да ви дадат повеќе информации за земјата на која се наоѓате, а тетка Мунја вели дека важна е и "самоедукацијата".

"Научете што повеќе можете, дружете се со припадници на Првите народи.Не треба да стравувате, само претставете се, отидете на некое од случувањата во заедницата".

Се работи за тоа да се одважите на тој прв чекор да ги запознаете припадниците на Првите народи.

Share